Пејачката Милица Павловиќ синоќа гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ кај водителот Огњен Амиџиќ и на сите ги изненади со промената на изгледот.
Павловиќ последниве години е русокоса и јавноста е навикната на неа во тоа издание, а она што е интересно е што се врати на истата боја на коса со која ја започна кариерата.
За промена на бојата на косата, надградба и шминка платила околу 1.000 евра. За оваа прилика избрала црн комбинезон, а цената на ова парче облека чини дури 2.000 евра. За црна чанта „Сен Лоран“ платила околу 2.150 евра, па одвоила повеќе од 5.000 евра вкупно за на најдобар можен начин да и се претстави на публиката.
За црна чанта „Сен Лоран“ платила околу 2.150 евра, па одвоила повеќе од 5.000 евра вкупно за на најдобар можен начин да и се претстави на публиката.
Во споменатата емисија Милица зборуваше за промената на бојата на косата.
– Се вратив на стариот стил! Иако вечерва е Ноќта на вештерките, ова не е костим. Сега ќе останам вака, – изјави пејачката.