Капитенот на Манчестер Јунајтед и единствениот кој со години е на врвно ниво, Бруно Фернандес одби нереална понуда од Саудиска Арабија.
Португалецот со денови размислуваше за преселба во Саудиска Арабија бидејќи беше контактиран од локалниот шампион Ал-Хилал. На Фернандес му беа понудени неверојатни услови.
Сепак, офанзивниот играч за врска на Манчестер Јунајтед одби. Веста утрово ја потврдија сите светски елитни медиуми, вклучувајќи го и Фабрицио Романо.
Фернандеш имаше нереална понуда на маса вредна 78 милиони евра годишно.
Тоа се 6,5 милиони евра месечно, или 213.000 евра секој ден. Тој би заработувал неверојатни 9.000 евра на час.
Сепак, дури ни тоа не беше доволно за да го убеди Бруно да се пресели во Саудиска Арабија. Не беше доволно што неговиот менаџер Мигел Пињо помина три дена во Ријад минатата недела за да води директни преговори со челниците на Ал-Хилал.
Португалецот одлучи да ја одбие понудата и да остане во Манчестер Јунајтед. Се чини дека не е сè околу парите и дека има и такви кои сакаат да останат во европскиот и англискиот фудбал.