Од 15 до 21 март, пријавени се 72 нови случаи на голема кашлица. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 58, а пријавени се случаи во Куманово – седум, Битола – четири, Дебар и Струга по еден случај, покажуваат податоците од денешниот најнов извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Од новите 72 случаи, девет се хоспитализирани или 12,5 проценти. Станува збор за седум деца на возраст под една година и по едно лице од возрасната група од 15 до 19 години и од 20 до 29 години. Возраста на новитезаболени се движи од 0 до 44 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години.