За одлично здравје ви се потребни шест суви сливи на ден: Лесно можете да ги носите на работа и да ги јадете како закуска

Доколку сакате да го заштитите здравјето на вашите коски, би било добро да јадете по една рака суви сливи секој ден, а одлични се и за оние кои сакаат да се чувствуваат здрави и силни како што стареат. Освен што се вкусни и ве заситуваат, сувите сливи се одлични и за здравјето на коските, покажа истражувањето спроведено минатата година.

Во ова истражување, кое беше направено како дел од програмата за интегративна биомедицина и психологија на Универзитетот за кинезиологија, беа вклучени жени кои поминале низ менопауза и кои не јаделе суви сливи во текот на 12 месеци.

Главниот автор на студијата, др. Јанхави Демани објасни:

– Резултатите што ги добивме укажуваат дека со консумирање на 6 или 12 сливи во текот на денот можеме да ја намалиме можноста за воспалителни процеси кои придонесуваат за губење на коскената маса кај жените по менопаузата – посочи Демани и додаде дека оваа студија нè води до сфаќањето дека сувите сливи би можеле да бидат ветувачка храна која го спречува воспалението.

Тој објасни дека овошјето и зеленчукот кои се богати со биоактивни состојки како што се здрави киселини, флавоноиди и каротеноиди можат да помогнат во борбата против остеопорозата.

– Сливите особено содржат полифеноли кои можат да ги намалат ефектите од воспалението и оксидативниот стрес што може да придонесе за губење на коскената маса – додаде Келси Сакман, нутриционист.

6 сливи поделени во две дневни порции подобро и полесно го ублажуваат запекот од лаксативи. Сувите сливи се богати со растителни влакна, богати со шеќер со само мали траги од маснотии. Тие имаат повеќе железо од црниот дроб и четири пати повеќе калиум од портокалот.

Колку суви сливи треба да се јадат дневно?

Според нутриционистот, ова овошје може да има и дополнителни придобивки како што се минерали, витамин К, феноли и диетални влакна – сето тоа неопходно за добро здравје.

Сувото овошје треба внимателно да го земаат луѓето со дијабетес бидејќи има висок гликемиски индекс.

– Сливите се познати како суперхрана, но имајте на ум дека се полни со шеќер, па внимавајте на количината што ја јадете. Луѓето со дијабетес треба да бидат особено внимателни. Добро е да се комбинираат со протеини за да се спречи зголемување на шеќерот во крвта. Ако планирате да вклучите сливи во вашата редовна исхрана, можете лесно да ги однесете на работа и да ги јадете како ужина во секое време од денот. Можете да ги додадете и во овошни пијалоци или салати, но и во омилениот јогурт.

Сувото овошје се произведува со природно сушење на технолошки зрели плодови, со сонце и ветер, или со машини за сушење, кои извлекуваат вода од свежото овошје, со што се обезбедува подолго складирање на сувото овошје.