Видеото од зградата како се урива за неколку секунди стана вирално на социјалните мрежи и ги запрепасти оние кои го видоа. Станува збор за четирикатница во Истанбул која паѓа како да е од картон.
Видеото беше објавено на турските медиуми, а набрзо ги обиколи сите социјални мрежи.
Не е сигурно дали станарите биле евакуирани пред уривањето, а судејќи по тоа што пред зградата бил паркиран автомобил на кој паднале делови од покривот и ѕидовите, веројатно станарите не знаеле што следува.