– Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот регион на Италија, Марке.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу три километри јужно од Монтелпар во провинцијата Фермо, а се случил на длабочина од околу 21 километар, јавија локланите медиуми.
Земјотресот бил почувствуван во неколку градови долж италијанскиот јадрански брег.