Црна Гора рано утринава ја погоди земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри од Подгорица, во 3 часот и 40 минути. Епицентарот на овој земјотрес се наоѓал на длабочина од 19 километри.