Метеорологот Иван Ристиќ, врз основа на моментално важечката теорија за стаклена градина, предвидува дека за само седумдесет години ќе имаме таква клима што зимата наместо три месеци ќе трае само неколку недели. На својот Фејсбук метеорологот Иван Ристиќ објави објава со наслов: „Зимата во 2100 година ќе трае само еден месец“ и со тоа ја заинтригира јавноста.
Имено, како што објасни подолу, зимскиот период наместо три месеци, како што е сега, ќе трае само неколку недели.
– И не зборуваме за далечна иднина, промените се веќе во тек! Во однос на блиското минато, просечната должина на летото е зголемена од 78 на 95 дена, додека должината на зимата е намалена од 76 на 73 дена. Исто така, се намали и должината на пролетта и есента, од 124 на 115 дена, односно од 87 на 82 дена. Како резултат на тоа, пролетта и летото сега почнуваат порано, додека есента и зимата почнуваат подоцна – напиша на својот профил метеорологот Иван Ристиќ.
Како што објасни тој, оваа теорија се заснова на досегашната теорија за ефектот на стаклена градина.
– Ја губиме зимата, а летото неверојатно се шири. Најавено е дека ќе имаме лето од мај до октомври. Сè е поврзано со земјотреси и вулкани. Сите вулкани се активни, имаме рекорден број земјотреси на планетата. Италија е најопасна, има супер-вулкан кој се буди на секои илјада години. Сега е 900-та година, се очекува да еруптира во следните 100 години – вели метеорологот Иван Ристиќ.