Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес ги отфрли обвинувањата на неколку европски земји за руски беспилотни летала што го нарушиле нивниот воздушен простор, оценувајќи ги тие обвинувања како „празни и неосновани“.
„Ги сметаме таквите зборови за празни, неосновани и продолжение на сосема очигледната политика на ескалација на тензиите и предизвикување конфронтациска атмосфера. Рускиот воен персонал дејствува строго во согласност со меѓународните прописи, вклучително и оние што се однесуваат на летовите“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Тој оцени дека ваквите тврдења не се изненадувачки, но и дека тоа е дополнителна ескалација на тензиите во балтичкиот регион.
„Во изјавата на Естонците никогаш не слушнавме дека имале податоци од опрема за објективно следење“, рече Песков.
Во петокот, естонските власти соопштија дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор на земјата во близина на островот Виндло во траење од 12 минути.
Инцидентот се случи откако полските власти соопштија дека 21 руски беспилотни летала го нападнале полскиот воздушен простор на Полска ноќта меѓу 9 и 10 септември.