Варените јајца изгледаат едноставни за подготовка, но во зависност од тоа каква жолчка претпочитате, времето за готвење варира. Меѓутоа, италијанските научници сега го открија совршениот метод за готвење јајца и споделија со остатокот од светот колку долго треба да се готват јајцата.
Научниците од Универзитетот во Неапол ги објавија резултатите од нивниот експеримент во списанието Nature Communications Engineering и започнаа со основниот проблем на готвењето на јајцата – жолчката и белката се готват на различни температури (белката во вода која е 85 степени Целзиусови, а жолчката на 65 степени Целзиусови).
Повеќето од нас се помириле со овој факт, па затоа ги вариме јајцата околу 10 минути ако сакаме цврсти жолчки и белки или 5 до 6 минути ако сакаме жолчките да бидат помалку течни. Меѓутоа, овие научници сметале дека мора да има подобар начин, па ја решиле дилемата преку компјутерски софтвер за динамика на течности.
Треба да се варат 32 минути.
Симулациите предложија метод на наизменично менување на јајцата од едно во друго тенџере – во едното водата се чува на точка на вриење од 100 степени Целзиусови, а во другото водата е млака, до 30 степени Целзиусови. За најдобри резултати, компјутерскиот модел предложи префрлање на јајце од едно во друго тенџере на секои две минути, точно 32 минути.
Јајцата ги свариле токму вака, а излегува дека јајцата на овој начин имале многу подобра текстура и подобри хранливи својства, а хемиската анализа покажала дека вака варените жолчки содржат повеќе полифеноли, корисни микронутриенти.