Хари Стајлс го зазеде четвртото место на листата на најубави мажи во светот според златниот пресек, а сега доби уште едно признание за својот изглед. Британскиот пејач беше крунисан за сопственик на најатрактивната насмевка на светот според водечките стоматолози.
Имено, овој 29-годишен ги престигна јутјуберот KSI, Ричард Маден и Реџ-Жан Пејџ, кои според претходно споменатиот златен пресек ја освоија титулата најубав маж на светот.
Д-р Гулај Акај, основач на Дентал клиниката Дентакеј, за британски Мирор изјави: „Позитивниот ефект на убавата насмевка врз луѓето во нивниот социјален и професионален живот е непобитен. Атрактивната насмевка е важна алатка за да ги импресионирате луѓето. Кога убавото лице се надополнува со привлечна насмевка, се постигнува хармонија лица“.
„За впечатлива насмевка важни се пропорциите на забите и нивната хармонија со целото лице. Хари Стајлс има идеална симетрија во неговата насмевка, со предните заби малку подолги од другите“, изјавила таа.
Кога станува збор за категоријата жени, најатрактивната насмевка на листата на жени ја има водителката на шоуто „Love Island“ Маја Јама, а втора на листата се најде Кејт Мидлтон.