Извршниот директор на Levis откри зошто никогаш не треба да ги перете фармерките

Чип Берг, шефот на најпознатиот бренд на фармерки во светот – Levi’s, открива дека секој што си ги пере фармерките прави голема грешка.

Тој смета дека фармерките никогаш не треба да се перат, а со него наводно се согласуваат и други модни експерти.

„Секој вистински љубител на фармерки ќе ви каже никогаш не ги перете, бидејќи едноставно ќе ги уништите побрзо“, изјави тој за Си-Ен-Ен, признавајќи дека не ги испрал фармерките 10 години.

А што ако се појават дамки?

Чипот има решение и за тоа:

Веднаш исчистете ги ако се извалкаат или само проветрете ги надвор и ќе бидат добри како нови“, изјави Берг во интервју за „Fortune“.