Во текот на 42. недела од 2024 година, пријавени се 50 случаи на грип и заболувања слични на грипот, што е 61,3% повеќе во споредба со претходната недела.
Најмногу заболени се регистрирани во Куманово (18), Гостивар (16), Свети Николе (7), Тетово (5), и Кавадарци и Кочани (по 2). Од вкупно 106 случаи, 38 се во возраст од 15 до 64 години, 5 се над 65, 6 се деца од 5 до 14 години, и 1 дете помладо од 4 години.
ИЈЗ потсетува на важноста на вакцинацијата против сезонски грип, особено за ризичните групи, вклучувајќи постари лица, деца, бремени жени и здравствени работници. Бесплатни вакцини може да се закажат преку веб-страницата вакцинација.мк.