Ајман Нофал, еден од најпознатите команданти на Хамас, е убиен во израелски воздушен напад врз Газа, потврди самата организација.
Тој беше член на Генералниот воен совет и командант на бригадата Ал Касам – вооруженото крило на Хамас.
– Тој беше убиен во варварското ционистичко бомбардирање што беше насочено кон кампот Буреиџ, во централниот дел на Појасот Газа – објави Хамас.
Израелските одбранбени сили на социјалната мрежа „Х“ објавија видео од убиството на лидерот на Хамас.
– Штотуку го елиминиравме Ајман Ногал, висок оперативец на Хамас. Ногал беше командант на централната бригада на Хамас во Газа и поранешен шеф на военото разузнавање. Нофал режираше многу напади врз израелски цивили и покрај тоа што беше една од најдоминантните фигури во терористичката организација, учествуваше и во планирањето на киднапирањето на Гилад Шалит. Нема да застанеме додека не го елиминираме Хамас – се наведува на сајтот на ИД.