Извори за американските медиуми наведуваат дека Донатела Версаче е отпуштена од позицијата дизајнер и креативен директор на модната куќа Версаче.
Таа ќе ја преземе улогата на главен амбасадор на брендот. Капри Холдингс, порано позната како Мајкл Корс холдингс, го купи Версаче за 2,1 милијарда долари. Договорот беше финализиран во јануари 2019 година.
Упатените во модата велат дека е огромна грешка да се минимизира улогата што Донатела Версаче ја одигра во водењето на брендот откако нејзиниот брат Џани Версаче беше убиен во 1997 година.
„Ќе го проколнат денот кога ќе го направат ова. Нема Версаче без Донатела“, тврдат извори.
Многу познати личности и дизајнери се шокирани од веста дека таа заминува. Меѓу нив се Пенелопе Круз, Лили Колинс, Џонатан Андерсон, Викторија Бекам, Пјерпаоло Пичоли и други.
Иако се чинеше дека смената на Донатела Версаче се одвива мирно, упатените тврдат дека тоа всушност не е така. Сè уште не ги именувале виновниците.