Италијанец е избран за најзгоден тенисер на светот: Еве колку пари заработи за таа „награда“

Италијанскиот тенисер Матео Беретини неодамна успеа да слави против Новак Ѓоковиќ во Доха, а сега повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста. Тој беше прогласен за најзгоден тенисер на целата турнеја, за што доби и убава награда.

Имено, подкастот „Nothing Major“ направи натпревар преку својот Инстаграм профил во кој луѓето можеа да гласаат за најжешкиот тенисер на турнејата од конкуренција од 16 тенисери. Гласањето траеше малку, а на крајот победи Беретини.

На патот до „финалето“ победи против Кукушкин, потоа Шелтон и Димитров, за во финалето со гласови на публиката да го победи Томи Пол.

Друга значајна награда што ја доби е ваучер од 15 долари за италијанскиот ресторан „Olive Garden“, како и мал трофеј.

Како изгледа Матео Беретини можете да погледнете во галеријата подолу и да одлучите дали тој навистина е „жесток“ меѓу тенисерите.