Итно соопштение на руската армија: Украинците го гаѓаа аеродромот со американски ракети, има мртви

Украинските сили го нападнаа воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област, со шест балистички ракети ATACMS, соопшти руското Министерство за одбрана.

А во соопштението се додава дека сите ракети се соборени.

„Утрото на 11 декември Киев изврши ракетен напад со западно прецизно оружје на воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека има жртви меѓу персоналот.

Министерството нагласи дека овој непријателски напад нема да остане без одговор и дека ќе бидат преземени потребните мерки.