8 здрави пијалоци кои хидрираат како вода
И во лето и во зима, да не заборавиме на хидратацијата , а во тоа ќе ви помогнат овие вкусни и пред се здрави напитоци .
Во топлите летни денови, важно е да се хидрирате не само за да ја задоволите жедта, туку и да ја зачувате енергијата во текот на денот и здравата состојба на организмот. Сепак, тоа е исто толку важно во зимските месеци!
Доброто е што има толку многу здрави и вкусни пијалоци кои служат како одлична алтернатива на водата, без која, се разбира, не можеме да живееме. Овие пијалоци се одлични за хидратација, но содржат и електролити, витамини, минерали, со сета експлозија на вкус што ќе ја доживеете.
8 пијалоци кои ќе го хидрираат вашето тело:
- Вода со лимон. Одличен напиток како извор на витамин Ц и феноменално средство за хидратација. Внесете ја дневната доза од два лимона и малку сол со вода и вашето тело ќе ви се заблагодари.
- Млеко. Млекото е природен извор на јаглени хидрати, натриум и протеини. Велат дека млекото е всушност подобро од водата за хидратација на организмот! Експериментирајте со различни милкшејкови и уживајте во вкусовите.
- Кокосова вода. Не само што е нискокалоричен, туку и богат е со калиум, дава енергија и затоа е подобар од пијалоците од продавница.
- Сок од краставица. Знаеме дека краставицата содржи 90% вода, а сокот од зеленчук е подобар за хидратација од овошните пијалоци бидејќи природните шеќери во нив можат да предизвикаат и дехидрација.
- Билни чаеви. Изберете камилица, хибискус, роза… Одлични се во зима, ве смируваат и го одржуваат телото хидрирано.
- Сок од алое вера. Богат е со антиоксиданси, има регенерирачки својства, одличен е за детоксикација и благотворно делува и на кожата!
- Вода со овошје. За разлика од овошните сокови, ова е вистинската работа. Додадете грст сезонско овошје во бокал со вода и денот веднаш ќе ви биде поенергичен.
- Вода со чиа. Чиа семето потопете го во вода. За неколку минути ќе се напиете здрав напиток кој ќе го разлади вашето тело и ќе ви помогне да ја победите топлината.