Македонија е меѓу 79-те држави кои изразија поддршка за независноста и непристрасноста на Меѓународниот кривичен суд, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против оваа институција.
Како што објави холандското Министерство за надворешни, потписниците на заедничката изјава го нагласуваат значењето на судот во борбата против неказнивоста за најтешките меѓународни злосторства.
Судот служи како витален столб на меѓународниот правосуден систем, со тоа што обезбедува одговорност за најтешките меѓународни злосторства и правда за жртвите, пишува во документот.
Од земјите во регионот, поддршка не дала Србија, а меѓу земјите членки на ЕУ кои не се потписници се Унгарија, Чешка и Италија.
Во заедничката изјава, потписниците предупредуваат дека санкциите на Трамп го зголемуваат ризикот од неказнивост за сериозните злосторства и го поткопуваат меѓународното владеење на правото.
Извршната наредба на Трамп предвидува финансиски и визни санкции против поединци кои му помагаат на судот во истрагите против американски државјани или сојузници на САД.