Наталија Кузњецова е светски позната бодибилдерка која има исклучително масивни мускули кои никого не оставаат рамнодушен. Каде и да се појави привлекува внимание, а се плашат и мажите.
На социјалните мрежи таа е позната по прекарот „Амазон“ и има повеќе од милион следбеници на Инстаграм. Таа е во светот на спортот од својата 14-та година, но бодибилдингот е нејзиниот најголем фокус. Бицепсот на Наталија е 47 сантиметри, градите 130 сантиметри, колковите 74 сантиметри и едната нога 75 сантиметри. Нејзиниот струк е широк 70 см.
Пред десет години го запознала сегашниот сопруг Владислав, кој е мускулест, но не ни приближно мускулест како неа.
Наталија признала дека користи одредени супстанци за зголемување на масата и мускулите, но дека тоа се супстанции кои се толерираат во спортот што го практикува.