Марија Шерифовиќ одамна е позната по своето убави пеење, но и препознатлива по својот необичен начин на живот и моден стил.
Марија ги ,,запали” социјалните мрежи кога реши да се обчече во тесни црни хеланки и да позира во лифт, додека носеше црна маица, а сите забележаа дека пејачката ослабе, па следеа коментари.
„Ова можеш да го носиш почесто, одлично ти стои“, „Леле, навистина убава си“, „Најудобни се хеланките, а на Марија и’ стојат одлично“, „Браво Марија, убаво изгледаш во хеланки“ – ова беа само дел од многуте коментари за необичниот стајлинг на пејачката.
Да потсетиме, Марија Шерифовиќ ретко имаме можност да ја видиме во костим за капење, а неодамна на социјалните мрежи објави фотографија од тинејџерските денови кога одеше на одмор со својата мајка, познатата пејачка Верица Шерифовиќ. На споменатата фотографија Марија позираше во скутот на својата мајка, во дводелен костим за капење, а во описот напиша: „Мајка“, а сликата привлече големо внимание.