Неспорно е дека Џенифер Лопез е една од најубавите жени во светот. Нејзиното име редовно се наоѓа на листите за компарации кај другите убавици и најпосакуваните жени на светот.
Инстаграм и списанијата се едно, а реалноста е друго. На TikTok профилот на @needthedeets е објавено видео во кое познатата пејачка и актерка промовира спортски пијалок и како и секогаш изгледа беспрекорно.
Меѓутоа, во еден момент камерата сопира, односно настанува грешка која ја открива вистинската состојба на нејзината кожа. Самата Џеј Ло веднаш ја забележала грешката, па побрза што побрзо да го врати оригиналниот филтер.
„Збрчкана баба“, „Ех, дури и таа не е совршена“, „И на најдобрите им се случува“, „Ниту блиску до совршенство“ се само дел од коментарите на видеото на TikTok.
Сепак, бидејќи актерката влегува во шестата деценија, не е чудно што има некои брчки на лицето, но навистина можете да видите колку Џенифер се труди да ја зачува еластичноста на кожата и колку се грижи и е посветена на самата себе.