Во февруари рускиот претседател Владимир Путин имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина, а иако тогаш не беше објавено на кој јазик зборуваат двајцата државници, веројатно секој од нив го користел мајчиниот јазик и се потпирале на преведувачи.
Како Путин зборува англиски може да се види и слушне на видеото кое во јуни 2013 година на каналот CNN Јутјуб го објави нивниот познат водител Фарид Закарија.
Повод за обраќањето на Путин беше кандидатурата на рускиот град Екатеринбург да биде домаќин на Светската изложба во 2020 година.
Путин потоа на англиски рече дека Русија не била домаќин на настанот „никогаш и дојде време тоа да се промени“.
Закарија тогаш изјавил дека е зачуден како Путин невообичаено „убаво побарал“ тоа да се случи и дека тоа го направил на некарактеристичен за него начин – на англиски јазик.
– Комплити фри (целосно бесплатно) – беа зборовите со кои Путин го заврши тоа обраќање.
Закарија го пофали Путин што добро го зборува јазикот и потсети дека многу малку американски и британски државници зборуваат друг јазик освен англискиот.