Каневчев ги објасни одлуките за другите помилувани лица

По апсењето на амнестираниот член на криминалната група „Барон“, пресетседателката Силјановска ги свика членовите на Комисијата за помилување на итен состанок. По состанокот, во разговор за Телма, професорите Калајџиев и Каневчев рекоа дека не знаеле дека Равманоски е шеф на криминален клан. За нив жестоките реакции во јавноста имаат политичка заднина.