Катаклизма во Шпанија: Пороите носат се пред себе, граѓаните добија предупредување за торнадо

Бурата Гароа продолжува да носи обилни врнежи и торнада во Шпанија, а во девет провинции е прогласена состојба на готовност, јавија денеска медиумите.

Најтешка е ситуацијата во провинцијата Хуелва, каде е воведен портокалов метео аларм, а шпанските власти го повикаа населението ширум земјата да биде внимателно, особено во загрозените подрачја , пренесуваат непознати извори.

https://twitter.com/CatharineSwash/status/1881529649517523370

Локалните власти предупредија на реална опасност од поројни поплави во следните 24 часа.

Невремето предизвика хаос во делови од провинциите Андалузија, Кастиља и Леон, Кастила Ла Манча, Екстремадура и Галиција.