Тројниот глобален предизвик го гледаме како можност за придонес кон нашиот раст и развој. Тројната планетарна криза не е апстрактен концепт, ограничен на научни списанија или политички дебати, тоа е реалност на која сведочиме и за жал ја доживуваме секој ден, истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, на денешната панел дискусија на тема „Тројна планетарна криза“ организирана од страна на Програмата на животна средина на Обединетите нации (УНЕП).
Во своето обраќање на дискусијата, на која се расправаше за тројната глобална криза со која се соочува светот денес, односно, борбата со климатските промени, намалување на негативното влијание и последиците од нив, намалување на загубите на биолошката разновидност и намалување на загадувањето преку намалување на почви, води и воздух, министерка Шукова истакна дека глобалните предизвици бараат регионални акции, меѓутоа и акции на национално и локално ниво.
– Оваа криза не познава граници и не погодува сите нас, без разлика на нашата националност, раса или социо-економски статус. Од нас, како македонски граѓани, се бара да најдеме одржливи решенија кои ја чуваат благосостојбата на нашата планета и обезбедуваат просперитетна иднина за сите генерации што доаѓаат, истакна Шукова.
Таа додаде дека мора да се обезбеди одговорно користење на природните ресурси со усвојување на принципите на циркуларната економија и со намалување на отпадот и на постојаното загадување.
– Северна Македонија преку МЖСПП положува значителни напори за усогласување на законодавство и системи со квалитетите на Европска Унија, за животната средина и клима, како и преку усогласување на својот општ раст и развој со меѓународните правно одржувачки инструменти, посочи министерката.
Шукова во своето обраќање, исто така, се осврна и на постигнувањата во однос на растот и развојот на земјава во оваа област на земјава, остварени преку МЖСПП.
Потсекретарката на Обединетите Нации и извршната директорка на Програмата на животна средина на Обединетите нации (УНЕП), Ингер Андерсен, говореше за одговорноста на човештвото во однос на овие предизвици во екосистемот, кои што ги дефинираше како застрашувачки.
– Ако ние ја разбираме одговорноста што ја имаме многу е важно да се соочиме со овој проблем, рече Андерсен.