Топлотниот бран ќе трае малку подолго во Европа, а се очекува температурите да надминат 40 степени во сите јужноевропски земји.
Топлотниот бран кој зафати голем дел од јужна Европа веќе полека го зема својот данок, а објавени се и сателитски снимки од топлотниот бран наречен „Кербер“ во Италија.
На официјалниот профил на Твитер, Европската комисија објави видео снимено од сателитот Сентинел-3, кој во вселената го лансираше Европската вселенска агенција.
– Во шпанскиот регион Елстремадура на 11 јули е измерена температура повисока од 60 Целзиусови степени на земјината површина – наведоа во соопштението.
По тој повод реагираа и метеоролозите кои нагласија дека ваквите температури се зачудувачки.
– Точно е дека температурите се зголемени, но многу, многу повеќе од претходните години – наведоа тие.
Топлотниот бран ќе трае малку подолго во Европа, а се очекува температурите да надминат 40 степени во сите земји од јужна Европа.
Во Италија температурите би можеле да достигнат 48,8 степени Целзиусови, а во 10 градови е издаден црвен метеоролошки аларм меѓу кои Рим, Болоња и Фиренца.
– Се соочуваме со неподнослив топлотен бран. За време на топлотен бран мора да се преземат сите неопходни мерки за да се избегнат трагедии – изјави политичарот Никола Фратојани.