Кејт Бекинсејл го обвини „исцелителот“ Абрамович за злоупотреба: доживеала насилство за време на масажата?

Актерката Кејт Бекинсејл е вмешана во битка со „траума исцелител“ кој ги објави нејзините пораки во јавноста во спор за 3.000 долари.

Имено, Ник Абрамович бара актерката да му плати околу три илјади долари за договорениот третман, но Бекинсејл одбива да го направи тоа, наведувајќи го како причина насилството кое го доживеала за време на третманот со масажа.

Според Бекинсејл, за време на втората сесија, од три закажани состаноци, Абрамович наводно ја нападнал и почнал да ја малтретира. Абрамович ги негира обвинувањата, истакнувајќи дека работи само со облечени клиенти и дека повеќето сесии вклучуваат истегнување, звучна терапија и работа со здив.

„Кејт не може да разговара за ова прашање бидејќи работата е под истрага од полицискиот оддел во Лос Анџелес“, рече претставник на актерката.

Полициската управа во Лос Анџелес потврди дека истрагата за инцидентот меѓу Бекинсејл и Абрамович сега е во рана фаза и сè уште не е покренато обвинение.

Во август, помошникот на Бекинсејл го контактирал исцелителот Ник Абрамович и закажал три сесии да се одржат во период од две недели за вкупно 2.700 долари.

Сесиите се состојат од „интензивна и емоционална“ масажа слична на онаа што се прави за време на терапијата со Реики, во која исцелителот користи психосоматски практики „за да ги лекува деловите од телото што болат“.