Кејт Мидлтон е поубава од кога било! Воодушеви со новата фризура, поради еден детал се редат комплименти(ФОТО)

Кејт Мидлтон ги воодушеви обожавателите со нова фризура, а посебно внимание привлече ретро деталите во нејзината коса.

Кејт Мидлтон ги воодушеви обожавателите кога ја покажа својата посветла боја на косата во Шкотска, благодарение на русите прамени. Новиот изглед е совршен за пролет и дефинитивно ѝ одговара, а синоќа таа дебитираше со уште една смела фризура додека присуствуваше на концерт по повод 80-годишнината од Денот на победата.

Новата боја на косата на Кејт Мидлтон

Принцезата од Велс се појави на прославата по повод Денот на победата со посебна фризура. Косата ѝ беше до половина собрана со кадрици, а фризурата беше завршена со голема црна плишана панделка што беше популарна во 1980-тите.

Белото одело што го носеше Кејт Мидлтон се совпаѓаше со целокупната атмосфера на нејзиниот стил, а бисерите ѝ дадоа посебна димензија на целата комбинација. Поради панделката во косата, таа ги доби сите симпатии на светските медиуми, бидејќи ретко кој може стилски да зачекори во минатото толку грациозно како што успева да го направи тоа принцезата од Велс.

Принцезата Кејт, исто така, блескаше претходниот ден, на 8 мај, во елегантен бел фустан со тафтови, кој го носеше на службата за благодарност во Вестминстерската опатија по повод годишнината од Денот на Европа.

Многумина веруваат дека изгледот бил суптилно потсетување на нејзината покојна свекрва, принцезата Дајана, која носела сличен фустан на Ројал Аскот во 1988 година.

Сега, кога е вратена во добра здравствена состојба по борбата со ракот минатата година, принцезата Кејт Мидлтон се врати во полн сјај и изгледа поубаво од кога било.