Кејт Мидлтон ја замени Камила! Наместо на кралицата, важните појавувања препуштени на принцезата

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, денеска повторно ќе се појави во јавноста, откако веќе два дена претходно учествуваше на Фестивалот на сеќавањето во Ројал Алберт Хол во Лондон.

Овој настан, како и денешниот преглед, има посебно значење за британската историја, јавноста и секако британското кралско семејство.

Кејт со години е една од најистакнатите членови на британската династија , што го потврдуваат нејзините функции, како и огромното влијание што го стекна како омилен член на семејството. Со оглед на тоа што денеска нема да биде присутна сопругата на кралот Чарлс, кралицата Камила, која се опоравува од пневмонија, сите очи ќе бидат вперени во Кејт.

На овој настан таа претходно се појави во друштво на покојната кралица Елизабета Втора, а сега нејзиниот изглед дополнително ја истакнува нејзината се поважна позиција во семејството.

Денешното појавување на Кејт Мидлтон има посебно значење не само за британската монархија, туку и за нејзиниот личен статус. Нејзиното присуство на настанот го симболизира нејзиниот статус како една од клучните фигури во династијата, а многумина го гледаат како знак за нејзината идна улога како британска кралица.

Ова е нејзино прво големо појавување во јавноста откако беше подложена на операција во средината на јануари и потоа јавно објави дека се бори со ракот. На почетокот на септември беше објавено дека таа го завршила процесот на хемотерапија, но дека лекувањето се уште е во тек. Денешното појавување на Кејт сигурно ќе биде внимателно следено, бидејќи тоа ја потврдува нејзината издржливост, но и нејзината се поважна позиција во кралското семејство.