Кинеското Министерство за трговија објави дека истрагата за увозот на млечни производи од Европската Унија, започната во август минатата година, ќе биде продолжена за уште шест месеци поради „сложеноста на случајот“.
Според кинеското министерство, новиот датум за донесување одлука за овој случај е 21 февруари 2026 година, пренесува „Блумберг“.
Истрагата конкретно се однесува на производи како што се свежо и преработено сирење.
Европската Унија веќе ја оспори оваа постапка со поднесување барање за консултации во рамките на Светската трговска организација.
Според официјалните податоци, вредноста на извозот на млечни производи од Европската Унија во Кина минатата година изнесувала 1,51 милијарди евра.
Односите меѓу официјален Пекинг и Брисел се уште се напнати.
Европската унија претходно започна истраги за кинеските субвенции во различни сектори, а во октомври 2024 година воведе царини до 45 проценти за електрични возила од Кина, потсетува агенцијата Њујорк.