Ковачевски на средба со дијаспората во Италија

Ковачевски на средба со дијаспората во Италија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Рим, Италија, оствари средба со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Италија. На средбата присуствуваше присуствуваше и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и прв заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Ковачевски посочи дека СДСМ како државотворна и прогресивна партија се грижи за сите граѓани подеднакво, вклучително и за иселениците, додавајќи дека дијаспората има капацитет да придонесе за економски, културен и општествен развој на нашата земја.

На средбата се дискутираше за актуелни прашања кои ги засегаат иселениците, како и за заложбите на Владата предводена од СДСМ во насока на негување на врските со дијаспората, што е важно за одржување на традицијата и културата, како и за афирмација на Северна Македонија.

Во разговор со иселениците во однос на предизвиците за Северна Македонија во претстојниот период, Ковачевски ја потенцираше важноста за што побрза евроинтеграција на Северна Македонија и посочи дека очекува дијаспората да продолжи да дава поддршка за заокружување на евроинтегративниот процес на државата.

Претседателот на СДСМ, Ковачевски, на средбата посочи дека на претстојните претседателски и парламентарни избори важно е да се избере концептот за интеграција и европска иднина, државата да го задржи вистинскиот, европскиот пат, што е важно и за дијаспората. Токму тоа е концептот со кој ќе настапи СДСМ, кој значи подобар животен стандард, интеграција на земјата, економски развој, европска иднина.