Полјакињата Јула Вадини, која летала со авион за градот Сан Хозе дел Гавијара во Колумбија, многу се исплашила кога стјуардесата почнала да им дели електрични свеќи на патниците.
Стјуардесата им подели електрични свеќи на патниците и многумина останаа воодушевени.
– Бев убедена дека тоа значи дека ќе паднеме – изјави Јула Валдини.
Наскоро, таа го слушна гласот на капетанот (преку разглас), но тој зборуваше нешто на шпански, па таа не го разбра.
@jula.vadini Colombians, is it usual for companies to give out candles? 🕯️ I was on my way to San Jose de Guaviare ! #flight #planeincident #plane #crash #turbulence #colombia #bogota ♬ original sound – jula.vadini
За среќа, летот поминал без драма, а таа открила зошто на патниците во авионот им биле дадени електронски свеќи.
– Се испостави дека тоа е традиција во Колумбија која се одржува секој 7 декември, за време на празникот Пречиста на Дева Марија, или Денот на малите свеќички – открила Јула.
Нејзиното видео на TikTok имаше 1,9 милиони прегледи и голем број коментари.
„Да објаснија на време зошто го прават тоа “, напиша едно лице, а друго додаде: „ Ќе полудев од страв“.