Еден од најефикасните трикови за подобрување на изгледот на вашата кожа е миењето на лицето со ладна вода, а овој ритуал освен што ве буди, носи и резултати кои веднаш ќе ги забележите.
Имено, експертите тврдат дека студената вода има многу придобивки за кожата, а најважен ефект е моменталното затегнување.
“Кога лицето се мие со ладна вода, крвните садови се стеснуваат, што го намалува отокот и го зголемува тонусот на кожата. Овој брз ефект помага да се намали изгледот на порите и и дава на кожата свеж и затегнат изглед”, тврди дерматологот др. Емили Ванг.
Покрај тоа, ладната вода помага за подобрување на циркулацијата, па кожата добива повеќе хранливи материи и изгледа поздраво. Оваа навика може да помогне и во намалување на црвенилото и иритацијата, правејќи ја кожата помазна и порамномерна.
На долг рок, оваа навика може да ја подобри текстурата на кожата и да ви даде сјаен, младешки изглед. Телото, како и лицето, користи ладна вода за брзо зајакнување на тонусот, а туширањето со ладна вода ја подобрува циркулацијата, го намалува стресот и дава енергија, оставајќи ја кожата затегната.