Колку повеќе расте, толку повеќе пари привлекува! Дрвото на пари ќе процвета ако ставите една работа во саксијата

Дрвото на пари, или красула, привлекува пари и изобилство. Ако особено се грижите за ова растение, тоа ќе расте побрзо, а ќе имате и повеќе шанси за финансиски просперитет.

Дрвото на пари , односно красула, е растение кое се смета за магнет за пари и богатство и треба да се чува во посебен дел од куќата.

Овој вид сукулент има месести, тркалезни листови кои наликуваат на монети. Красула не е комплицирана за одржување, потребно е само повремено полевање (еднаш на две недели) и доволно светлина.

Малкумина знаат дека ова растение има и прекрасни цветови. Со цел вашето дрво за пари да биде здраво, негувано и полно со цвеќиња, обидете се да му дадете повеќе калциум и фосфор.

Имено, тие позитивно влијаат на развојот на корените, но и на формирањето на нови ластари.

Еден од најдобрите избори за органско оплодување се лушпите од јајцата, кои се исклучително богати со калциум. Измелете ги лушпите во мелница за кафе, па помешајте една лажица од добиениот прав со шеќер и една лажица земја. Сè убаво измешајте, ставете го во тегла, па оваа смеса додадете ја во саксијата.

За дополнителен ефект, можете да сомелете кора од банана и да ја ставите во тенџере. Ова е исто така одлично природно ѓубриво – мешавина која го поттикнува растот на растенијата.