Коцевски: Обвинителството отвори предмет за Груби и Беџети

На конференција во Јавното обвинителство денеска е соопштено дека е отворен предмет против Артан Груби и судијата Енвер Беџети откако беа ставени на црната листа на САД.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коевски истакна дека против двајцата веќе е оформен предмет.

„Вчера формирав предмет за да се обидам да обезбедат докази за контрола на кривичната одговорност на лицата инволвирани во поткуп и влијание врз продавањето. Обвинителството ќе издаде дополнителни наредби.

Сакам да истакнам дека соработката со САД и амбасадата е одлична и ни помагаат во борбата против корупцијата“, рече Коцевски.