Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се расплака откако излезе на балкон!
Ѓоковиќ го извади трофејот од УС Опен, а кога десетици илјади навивачи почнаа да скандираат за него, тој не можеше да ги задржи солзите.
– Добро вечер Србијјо, Белград, те сакам! Ретки се моментите кога некој останува без зборови, ова се еден од нив. Јас сум пресреќен. Најпрво сакам да им честитам на фантастичните кошаркари и да им се заблагодарам што ме прифатија да бидам дел од овој спектакл. Ова е остварување на сонот на едно момче, бидејќи како мал присуствував на собири на кои се славеа фантастичните успеси на кошаркарите. Сум бил на балкон неколку пати, но никогаш вака. Бориша е херој на нацијата и заслужува сите да му аплаудираат. Ниту еден спортски народ во светот го нема овој дух што го имаме ние, да живее Србија! – изјави Новак.
Новак потоа му се поклони на Бориса Симаниќ, кој загуби бубрег на Мундобаскетот.
– Бориша е херој на нацијата и заслужува сите да му аплаудираат. Ниту еден спортски народ во светот го нема овој дух што го имаме ние, да живее Србија!