Струшката полиција поднесе кривична пријава против 40-годишниот В.М од струшкото село Подгорци за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, поточно прибавување фалсификувано уверение за англиски јазик.
„Обвинетиот, директор на основното училиште во струшкото село Подгорци, прибавил лажно уверение за познавање на англиски јазик од подружница лоцирана во соседна држава и го употребил како прилог на документите за избор на директор.
„По извршените проверки, добиен е одговор дека лицето не е регистрирано во базата на податоци на подружницата“, соопштија од МВР.