Многу сопственици на Порше ќе поминат километри во студот во својот автомобил оваа зима.
Околу 800 сопственици на моделот Taycan, главно во Велика Британија, се најдоа во тешка ситуација бидејќи греењето во нивниот автомобил не работи. Заедничките проблеми ги искажаа на социјалните мрежи, каде не ја кријат својата огорченост и бараат итно решение на ситуацијата.
Според AutoExpress, сопствениците го предупредиле локалниот претставник за проблемот, но решение нема – бидејќи потребните делови едноставно не се достапни!
Можеби ќе чекаат неколку месеци, пишува Јутарњи.хр.
Со официјално соопштение излезе и претставникот на Порше во Велика Британија:
„Забележавме дефект во системот за греење што потенцијално може да влијае на моделот Taycan. Постои можност функциите за греење и одмрзнување да не се достапни, а топлината може да се добие само во ограничен обем. За жал, тековните проблеми со синџирот на снабдување може да ја одложат испораката на потребните делови, а поправките може привремено да бидат одложени. Вложуваме максимални напори за разрешување на ситуацијата“, се вели во соопштението.
Порше, исто така, соопшти дека работи на снабдување со возила за замена на клиентите кои не можат да ги загреат своите возила.