Лавров: Руското поседување нуклеарно оружје е одговор на заканите

– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека тоа што Русија поседува нуклеарно оружје е единствениот одговор на безбедносните закани, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

– Поседувањето нуклеарно оружје денес е единствениот можен одговор на некои од значајните надворешни закани за безбедноста на нашата земја, изјави шефот на руската дипломатија.