Македонската заедница во Австралија алармираше дека Македонското знаме е забрането за пренос преку камерите на тенискиот турнир Австралија Опен, покрај знамињата на Палестина, Израел, Русија, Белорусија и Тајван кои исто така се забранети!!
Зошто се уште нема реакција од нашето МНР и нашите амбасадори ?
На овој престижен натпревар настапува и нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, па сепак, Македонското знаме е цензурирано од страна на организаторот поради непознати причини!
Иако официјално никаде не е забрането нашето знаме на овој турнир, сепак дадени се инструкции на камерманите воопшто да не го прикажуваат!!
Зарем не е доста понижувањето што го прави нашата Влада преку продавање на името, сега доживуваме цензура на меѓународно ниво во спортот, што е недозволиво!
Левица бара итна реакција од надлежните на ваквата цензура!
Левица