Питер Омцигт, лидер на една од четирите владејачки партии во Холандија, објави дека се повлекува од политиката поради неговото ментално здравје.
Како што истакна, притисокот од работењето во владата и долгата политичка кариера доведоа до „прегорување“.
„За мене беше голема чест и привилегија да бидам пратеник повеќе од 21 година. Но цената за тоа беше доста висока. Затоа решив првпат да го ставам семејството на прво место и да го изберам своето здравје“, рече Омцигт.
Тој сега е поранешен лидер на партијата НСЦ, која заедно со три други партии ја формираше владата која моментално е на чело на Холандија.
Иако беше лидер на оваа партија, Омцигт не бараше функција во владата, и продолжи да биде „само“ пратеник во холандскиот парламент.
Омцигт му ја предава партијата на својот заменик Николиен ван Врунховен, кој ја презеде функцијата во септември додека беше на боледување од здравствени причини. Неговото пензионирање наесен беше втор пат тој да се повлече од функцијата поради ментално здравје.
Сепак, засега нема индиции дека владејачката коалиција, која веќе „преживеа“ неколку скандали, ќе пропадне.