Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека доколку Русија се распадне како држава, сите ќе ги почувствуваат катастрофалните последици.
– Мојот став е следен: ако Русија се сруши, ќе останеме под урнатини, сите ќе страдаме – рече белорускиот лидер.
Обидите за решавање на конфликтот во Украина со мирни средства Западот ги нарекува „дипломатска имитација“, но тоа може да ги спаси животите на стотици илјади луѓе, рече Лукашенко.
– Се обидуваат да нè измамат за вистинските планови и намери на колективниот Запад. За жал, нашите обиди да ја решиме ситуацијата преку мировни преговори ги нарекуваат „дипломатска имитација“. Цената на таа „имитација“ е стотици илјади човечки животи – рече белорускиот лидер.
Тој посочи и дека целите на Западот во регионот се на секој можен начин да ја дестабилизира ситуацијата и потоа да наметне свои правила и ред.