Луксембург има највисока минимална плата во Европската унија, 2.637 евра, додека на дното на овој блок е Бугарија со најниска плата од 550 евра.
Како што пренесува Euronews, само шест земји во Европската унија имаат минимална плата повисока од 1.500 евра.
Заедно со лидерот Луксембург, минимална плата од над 1.500 евра имаат Ирска (2.281 евра), Холандија (2.193 евра), Германија (2.161 евра), Белгија (2.070 евра) и Франција (1.801 евра).
На другата страна на оваа листа има дури десет земји со минимална плата помала од 1.000 евра.
Покрај Бугарија, тоа се Хрватска (970 евра), Грција (968 евра), Малта (961 евра), Естонија (886 евра), Чешка (825 евра), Словачка (816 евра), Романија (814 евра), Летонија (740 евра) и Унгарија (706 евра).
Во споредба со 2015 година, најголем раст е забележан во Романија, Литванија, Бугарија и Полска, иако двете балкански земји сè уште се блиску до дното на листата.
Вреди да се спомене и фактот дека пет европски земји немаат официјална минимална плата, а тоа се Италија, Шведска, Данска, Австрија и Финска.