ЛУЃЕТО МАСОВНО ЈАДАТ ПОРТОКАЛИ додека се капат, ЕВЕ ЗОШТО: Отсега ќе го правите и вие

Постојат многу работи што можете да ги правите под туширање кои не вклучуваат туширање. Но, пред да ја пуштите вашата имагинација, ќе ви откриеме една од работите што луѓето сè почесто ги прават под туш, што стана исклучително популарно на TikTok. Станува збор за јадење портокали додека се туширате.

На TikTok, има видеа што е тешко да се игнорираат, а чија водечка тема е грижата за намалување на стресот .

Имено, трендот на јадење портокали додека се туширате започна, и колку и да изгледа чудно, со текот на времето ќе видите се повеќе луѓе на TikTok кои кажуваат работи како:

„Ако претходно не сте јаделе портокал под туш, тогаш треба да го пробате што побрзо!“, „Ова е официјално мојата нова омилена работа“, „Станав друга личност откако почнав да јадам портокали под туш  …

А еве за што се работи.

Портокалот и водената пареа овозможуваат идеална релаксација. Сепак, секој цитрус во комбинација со купка полна со водена пареа ќе ни пружи вистинско задоволство и релаксација.

Оние кои го практикуваат ова велат дека топлината на туширањето го засилува мирисот и вкусот на портокалите, што го подобрува вашето расположение.