Ова лето, климатските промени поттикнаа екстремни топлотни бранови ширум светот, предизвикувајќи метеоролошки предупредувања и одземајќи бројни животи.
Од Северна Америка до Европа, Азија и Блискиот Исток, нациите се борат со високи температури.
Во САД, на национално ниво е издадено предупредување бидејќи големата топлина и влажност покриваат различни региони.
Мексико, исто така, е сериозно погодено, со температури кои надминуваат 40 степени Целзиусови. Повеќе од 110 луѓе ги загубија животите поради високата температура.
Обединетото Кралство го забележа најтоплиот јуни од почетокот од 1884 година.
Иран, познат по своите топли лета, беше сведок на температури кои достигнаа неверојатни 50 Целзиусови степени во некои области.
Во Шпанија, живата се искачи на 44 степени Целзиусови. Земјата се соочи со алармантни услови во текот на јуни, при што осум од нејзините 17 автономни администрации издадоа предупредувања.
Пакистан и Индија, исто така, претрпеа катастрофални последици. Топлотниот удар однесе најмалку 22 животи во Пакистан, додека повеќе од 150 лица починаа во Индија.
Дури и во Кина се забележани најтоплите денови во последните шест децении, со температури кои достигнуваат и до 40 Целзиусови степени.
ТРТ БАЛКАН