Барселона на Олимпискиот стадион во Монжуик го пречека белгискиот шампион, Антверпен во 1. коло од Лигата на шампионите.
Веќе по 22. минути од натпреварот се беше решено во корист на домашните. Жоао Феликс постигна гол во 11. минута, седум минути подоцна Роберт Левандовски ја затресе мрежата за 2:0, а автоголот на Батај во 22. минута ја зголеми предноста на 3:0 за „Каталонците“.
Не само што Жоао Феликс ја продолжи одличната форма по пристигнувањето во каталонската престолнина на позајмица од Атлетико Мадрид, туку малку подоцна Роберт Левандовски испиша историја. Брилијантниот полски напаѓач го постигна својот јубилеен 100-ти гол во европските купови, а пред него на вечниот пласман се само великаните – Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Исто така, Роберт Левандовски со 35 години и 29 дена стана најстариот стрелец за Барселона во европските натпреварувања.
Инаку, Гави и Жоао Феликс сепак постигнаа гол во продолжението, а предноста на клубот предводен од Чави Ернандез на крајот можеше да биде уште поголема.