Во северниот дел на германскиот град Минхен, од утрово се одвива масовна акција на полицијата и пожарникарите поради инцидент предизвикан од неименуван маж, пишува Билд.
Според информациите на овој германски весник, овој човек ја разнел семејната куќа со експлозив, потоа предизвикал пожар во оваа зграда и извршил самоубиство.
Покрај овој маж, на местото на настанот е пронајдено уште едно повредено лице, но сè уште не е откриено за кого станува збор.
Поради овој инцидент, полицијата затвори дел од Минхен и ги замоли граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот.
Сепак, портпаролот на полицијата објави дека нема „моментална закана“ за граѓаните и дека „нема причина за паника“.