Македонскиот државјанин Дане Котески (48) бил пронајден мртов во просториите на неговата компанија во Илиноис – САД, откако претходно избувнал пожар во просториите на компанијата. Полицијата уапси машки возач кој претходно работел кај Котески, под сомнение дека е поврзан со случајот.
Телото на Котески било пронајдено откако во средата бил пријавен пожар во просториите на неговата компанија во Крествуд. Кога полицијата пристигнала во компанијата АТЦ Траклуд, од просториите излегувал чад. Откако пожарникарите го изгаснале пожарот, на вториот кат од зградата било пронајдено машко тело.
Осомничениот во случајот е идентификуван и утврдено е дека тој е возачот кој работел во фирмата на Котески. Се сомнева дека се работи за изолиран случај, исклучиво ориентиран кон жртвата.
Осомничениот е уапсен, а телото на Костески е испратено на обдукција.
Од друга страна, на GoFundMe е започната кампања за собирање хуманитарни средства за помош на семејството на Котески, кое зад себе ги остави синот, мајката и сестрата.