„Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта – Македонија пат со сите машини и работна сила е на терен и континуирано ги чисти државните патишта. Ставени се на располагање и „трети лица“ (компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат) кои се вклучени во расчистување на снегот на главните и регионалните патни правци“, информираат од компанијата.
Оттаму апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за возење во зимски услови и да имаат зимска опрема за своите автомобили, да возат внимателно, да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги почитуваат препораките на сообраќајните служби.
„Комуникацијата на сите државни патишта се одвива во зимски услови со слаб снег на патиштата, затоа апелираме да се следат атмосферските услови и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да ги информираат сообраќајните служби за состојбата на државните патишта. ЈП Македонија пат континуирано ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагира со сета механизација на терен“, велат од таму.